forum.zena.mk
www.zena.mk
Добредојде Гостин Барај | Активни теми | Најави се | Регистрирај се

Омилена книга Опции
AdRi*
#1 Направена : вторник, 29 јуни 2010 12:15:09
Ранг: Newbie

Групи: Registered

Регистриран: 29.06.2010
Мислења: 3
Дали читате книги?Која ви е омилена книга и автор?
Препорачајте книга со ваше образложување :)
FaNnY
#2 Направена : четврток, 21 октомври 2010 05:06:15
Ранг: Newbie

Групи: Registered

Регистриран: 28.09.2010
Мислења: 8
Тајната на Шамбала -Џејмс Редфилд Светски бестселер во изминативе неколку години. Книгава Препорачувам секој да ја поседува во својата едиција, бидејќи ако не ви се допадне содржината, сигурно ќе ве намами фактот да читнете бар нешто, знаејќи дека нашиот Тоше Проески ја црпеше својата енергија оттаму(Тајната на Шамбала беше Неговата омилена книга, за која постојано зборувал).

Еве несшто накратко што најдов за книгата:

Насловот беше тоа што ме привлече да го земам и да го прочитам овој роман, ми звучеше некако мистично. Џејмс Редфилд во овој роман нè носи на планините на Тибет, во потрага по мистичното место наречено Шамбала, инаку познато како Шангри - Ла.

Шамбала е место што навистина може да се споредува со рајот, но исто така е и духовна утопија, и Редфилд со големо задоволство нѝ ги опишува можностите да се живее во таква култура која целосно е "фокусирана на процесот на животот"!

Овде во овој роман тој обрнува внимание на онаа енергија која е водена од нашите мисли и емоции, која всушност се пренесува во светот како сила која тој ја нарекува "молитва".

Таа „молитва“ влијае како врз вселената така и врз луѓето со кои сме во контакт. Тоа всушност ме потсети на книгата на Ронда Бирн - Тајна.

Но "молитвата"не е само да се посака желба, или пак надежта, или барајќи помош од Господ. Тоа е силно очекување, тоа е вербата дека нешто добро или лошо ќе се случи. Тоа е силата со која ние го обликуваме светот, со помош на ангелите, според Џејмс Вилсон, ликот во романот. Џејмс Вилсон, неговото алтер его одеднаш се појавува во приказната без некое објаснување.

Кога тој оди во Тибет, следејќи ги инструкциите на една девојка од соседството, воедно го води и читателот, како во Тибет така и во конфликтот со моќните атеисти на Кинеската Влада , барајќи го местото на целосно просветлување.

Ова е роман кој мора да се прочита ако веќе сте го прочитале Целестинско Пророштво.

Неверојатен, исполнувачки, единствен... Дали го препорачувам? Секако, од сè срце!

Се надевам дека ќе ви се доапдне Мојот Избор :)
Корисници кои ја гледаат темата
Guest
Директен пристап до форум  
Неможете да праќате нови мислења во овој форум.
Неможете да одговарате на теми во овој форум.
Неможете да ги избришете Вашите мислења во овој форум.
Неможете да ги измените Вашите мислења во овој форум.
Неможете да креирате гласања во овој форум.
Неможете да гласате на гласања во овој форум.